Португалскиот стратег Жозе Мурињо кој ја води Рома зборуваше за ситуацијата во Премиер лигата и битката која се води за титулата на Островот.
Мурињо беше гостин во подкастот на Џон Оби Микел каде што истакна дека сака Арсенал да биде шампион, но во реалноста смета дека „топџиите“ немаат шанси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Според мене Манчестер Сити има 51% шанси да ја освои Премиер лигата, Ливерпул 49%. Сакам Арсенал да биде шампион, но мислам дека немаат шанси. Челзи е многу далеку, затоа и не ги споменувам. Манчестер Јунајтед исто така не може, затоа очекува тие три клуба да водат битка и би бил среќен ако Арсенал стане шампион“, изјави Мурињо.
Објасни Португалецот и зошто му дава предност на тимот на Гвардиола.
„Ова го мислам затоа што кога ќе дојде згуснатиот распоред ќе се игра на секои три дена, а Манчестер Сити на располагање има два силни тима“, објасни Жозе.