Нашиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, како што е познато потпиша договор со турскиот гигант Фенербахче, тој пред медиумите во Турција беше претставен како голема идна фудбалска ѕвезда.
Елмас при претсатвувањето наведе дека договорот со клуб каков што е Фенербахче за него претставува остварување на соништата, бидејќи неговото семејство и пријателите се големи навивачи на овој клуб, но и откри кој човек одиграл голема улога за тој да заврши онаму каде што е сега.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се надевам дека ќе бидам успешен. Со нетрпение чекам да добијам право на настап за да можам да се прилагодам на турскиот фудбал. Во оваа прилика го поздравувам Перо Антиќ кој е мој голем пријател и човек кој е еден од најзаслужните што денеска ја сум фудбалер на Фенербахче“, изјави Елмас.
Елмас неодамна наполни 18 години и со тоа доби право да потпише професионален договор со Фенербахче каде што пристигна во летниот преоден рок од редовите на Работнички.