Ливерпул синоќа во 3.коло од групната фаза на Конференциската лига го пречека тимот на Тулуз на домашен терен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Домашниот тим беше апсолутен фаворит на овој натпревар, а токму таква беше ситуацијата на теренот во текот на целиот натпревар.
На крајот Ливерпул оствари убедлива победа, а конечниот резултат на натпреварот гласеше 5:1 во корист на домашните.
Сепак, натпреварот повторно го одбележа Дарвин Нуњез и повторно поради неверојатно промашување.
Имено, Нуњез како да се натпреварува со себе и како да сака да направи видео компилација за рубриката верувале или не.
Овој пат се посрамоти во 65. минута од натпреварот на Енфилд кога направи се феноменално, а потоа промаши празна мрежа.
Sometimes, I don't understand Darwin Nunez 😭😭😭pic.twitter.com/4bwC6jNdQ9
— Psalm (@UTDPsalm) October 26, 2023
Мора да се признае дека беше многу потешко да се погоди стативата во оваа ситуација отколку да се смести топката во празната мрежа.