УЕФА денес официјално ги одреди домаќините за европските првенства во 2028 и 2032 година.
Идната година Европското првенство ќе се одржи во Германија, а четири години подоцна домаќини ќе бидат Велика Британија и Република Ирска. Најавите се дека ЕП 2028 ќе биде отворено на стадионот на Кардиф, додека финалеот ќе се игра на „Вембли“ во Лондон.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интересно што помеѓу стадионите кои се домаќини го нема домот на Манчестер Јунајтед, „Олд Трафорд“.
Европското првенство во 2032 година исто така ќе се одржи во две земји, Турција и Италија. Двете земји првично подготвуваа одвоени кандидатури, но на крајот се одлучија за заедничка организација.