Дома Топ вести Рамо до рамо со Тер Штеген и Унаи Симон: Столе е помеѓу најдобрите во Шпанија

Рамо до рамо со Тер Штеген и Унаи Симон: Столе е помеѓу најдобрите во Шпанија

Maкедонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски брани одлично на стартот од новата сезона.

Димитриевски е еден од најзаслужните за добрите резултати на Рајо Ваљекано. Пред две години Димитриевски на големо се поврзуваше со Барселона, потоа минатото лето и како опција за Реал Мадрид, па јасно е дека во Шпанија е и тоа како ценет.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Дека со право е ценет покажуваат неговите бројки во Ла Лига сезонава:  Димитриевски не беше совладан на четири од осум натпревари за Рајо и тоа против Алмерија, Гранада, Алавес и Кадиз.

Ниту еден голман во Шпанија нема повеќе „чисти мрежи“ од Димитриевски, а изедначени со него се Унаи Симон од Атлетик Бибало и Тер Штеген од Барселона. Исто така Димитриевски има 30 успешни интервенции (23 од удари внатре од шеснаесетникот, шест од подалеку од 16 метри и еден од одбиена топка). Со тоа, македонскиот репрезентативец повторно е меѓу најдобрите голмани во Ла Лига, повеќе интервенции од него имаат само Јоргсенсен од Вилјареал (35), Ледезма од Кадиз (34) и Симон од Атлетик Билбао (31).

Минатата сезона македонскиот чувар на мрежата ја заврши со девет натпревари без примен гол. Ако продолжи со добрата форма многу лесно сезонава може да има повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Навивачите на Борусија приредија спектакуларни сцени во Лондон 🎥

Борусија Дортмунд вечерва го игра финалето во Лигата на шампионите, а пред овој натпревар …