Дома Топ вести Изненадување: Барселона тргнува по Санчо

Изненадување: Барселона тргнува по Санчо

Фудбалскиот клуб Барселона е заинтересиран за играчот на Манчестер јунајтед и повремен англиски репрезентативец Џејдон Санчо, пренесува каталонски „Спорт“.

Манчестер јунајтед го исфрли Санчо од првиот тим, откако тој одби да му се извини на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хaг за објавите на социјалните мрежи во кои го обвинуваат дека лаже за неговата лоша игра во тимот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Санчо (23) е пријавен за Премиер лигата и Лигата на шампионите, иако е исфрлен од првиот тим.

„Спорт“ наведува дека Барса ги следи случувањата на „Олд Трафорд“, а каталонскиот клуб планира да го ангажира англискиот фудбалер во зимскиот преоден рок.

Санчо пристигна во Јунајтед во 2021 година од Борусија Дортмунд, а за премиерлигашот одигра 82 натпревари и постигна 12 гола. Тој се појави на три натпревари оваа сезона. Тој има договор со клубот од Манчестер до јуни 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Флик избрал засилување: Тргнува по ѕвездата на Баерн

Во последните неколку години, Барселона има проблеми со финансисите, па поради тоа и клубо…