26 годишниот Матеј Цветаноски кој беше дел од Брера или Академија Пандев претходно се врати во Струмица.
Цветаноски во Брера ќе настапува со дресот број 10. Станува збор за офанзивен крилен фудбалер кој зад себе има големо искуство како во македонскиот шампионат така и во странство. Има играно за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи како и за унгарски Ѓирмот како и албанскиот Партизани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата сезона Матеј Цветаноски за струмичкиот тим одигра 6 натпревари при што имаше една асистенција а во македонскиот шампионат зад себе има вкупно 158 настапи при што постигна 21 гол и 25 асистенции. Цветаноски своевремено беше дел и од младинските репрезентации на Македонија.