Дома Останати Кошарка Moќно издание: Србија ја прегази Литванија за полуфинале!

Moќно издание: Србија ја прегази Литванија за полуфинале!

Репрезентативците на Србија со моќно издание ја прегазија Литванија со 87:68 и покажаа дека и без Никола Јокиќ се кандидати за златото.

Во денешниот четвртфинален дуел неизвесна беше само првата четвртина, само тогаш Литванците можеа да парираат на расположените српски кошаркари.

Вториот сериод започна со 10:1 за српската селекција и за првпат поведе со 32:26, вистински предводник на Србија беше Богдан Богдановиќ. На пауза Србија водеше десет разлика 48:38.

На почетокот од третиот период, Литванија ја намали разликата со 47:52, но тогаш Србија повторно додаде гас и возвратија со 17:4 за огромни 18 разлика (69:51). Тука веќе стануваше јасно кој ќе оди во полуфиналето.

Богдановиќ со 21 поен беше најефикасен, Филип Петрушев додаде 17, а Стефан Јовиќ 11. Кај Литванците Тадас Садекерис уфрли 14 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…