Maкедонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра фантастичен натпревар против Литванија во кој постигна неверојатни 43 поени, кои сепак не беа доволни за победа на Македонија. Литванците во Клаипеда славеа со 94:72, а Димитријевиќ до бројката од 43 поени дојде за 34 минути поминати на паркетот. Во финишот македонскиот кошаркар и се повреди, но за среќа не станувало збор за ништо сериозно.