Дома Топ вести „Бомба“ за самиот крај: Мбапе за 180 милиони евра во Реал Мадрид

„Бомба“ за самиот крај: Мбапе за 180 милиони евра во Реал Мадрид

Шпанскиот весник „Воз Попули“ најави бомбастичен трансфер до крајот на денот, а тоа е дека Реал Мадрид наводно ќе потроши 180 милиони евра за да го купи Килијан Мбапе од ПСЖ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мбапе сакаше да помине уште една година во Париз, но најави дека ќе го напушти клубот по крајот на договорот. Во ПСЖ не сакаат да го загубат беспластно, па затоа ја намалија цената и сакаат да го продадат ова лето.

Според шпанските медиуми, Реал Мадрид е согласен да плати 180 милиони евра и да го купи Килијан Мбапе до крајот на летниот преоден рок. Напаѓачот би потпишал шестгодишен договор и би имал годишна плата од околу 60 милиони евра, плус бонуси.

Реал исто така не сака да чека уште една година за да го доведе Французинот, особено после повредата на Винисиус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…