Дома Трансфер зона Милан уште посилен, пристигнува ѕвездата на Порто

Милан уште посилен, пристигнува ѕвездата на Порто

Милан и Порто се блиску до договор за трансфер на искусниот напаѓач Мехди Тереми, пренесува „Газета дело Спорт“.

Иранскиот напаѓач веќе неколку сезони блеска во дресот на Порто и минатата сезона постигна 31 гол, па го привлече вниманието на многу европски клубови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Милан ја победи конкуренцијата и веќе постигнал договор со агентот на 30-годишниот напаѓач, а преговорите со Порто се во напредна фаза.

Првата понуда на Милан од 15 милиони евра беше одбиена бидејќи Порто за слободата на Тареми бара 20 милиони евра, но „росонерите“ вклучија и бонуси, па сега двете страни се блиску до договор.

Пиоли бара напаѓач кој ќе биде алтернатива на Жиру и верува дека Тереми идеално ќе се вклопи бидејќи има исти карактеристики како Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…