Дома Трансфер зона Големото промашување на Милан се сели во Аталанта

Големото промашување на Милан се сели во Аталанта

Чарлс де Кетеларе минатото лето пристигна во Милан како големо засилување за 35 милиони евра, но ќе го напушти клубот после само една сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгиецот воопшто не се снајде на „Сан Сиро“ не се вклопи во системот на игра на Пиоли и не ги исполни очекувањата.

Сега на неговата позиција пристигнаа нови засилувања, па јасно беше дека неговата минутажа додатно ќе се намали и Милан сака да се ослободи.

Милан ја прифати понудата на Аталанта и се согласи да го пушти Де Кетеларе на позајмица за која ќе добие 3 милиони евра, а Аталанта следното лето ќе може да го откупи за додатни 23 милиони евра.

Белгиецот кажа ДА на трансферот и утре ќе пристигне во Бергамо на лекарски прегледи и да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…