Барселона пред два дена го доведе Орил Ромеу од Жирона.
Ромеу има 31 година и во редовите на каталонскиот гигант пристигна во трансфер вреден пет милиони евра. Договорот кој го потпиша е со важност до 2026 година, а исто така во него има и откупна клазула во износ од 400 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Барселона и беше потребна замена за Серхио Бускетс кој се одлучи да премине кај Меси во Интер Мајами. Меѓутоа за да се врати во Барселона, Ромеу сам платила 1.1 милион евра, ако тоа не го направеше трансферот тешко ќе се реализираше.
Каталонците се во тешка ситуација, а Роме посакуваше да се врати во клубот каде што ја започнуваше кариерата. Наводно, во Барселона веќе биле спремни да бараат други решенија, но тогаш Ромеу сам одлучил да си ја плати оштетата.
Се наведува и дека Ромеу прифатил да добива плата, додека неговиот агент не правел проблеми за помалата провозија.