Дома Останати Тенис Вакво нешто не се памети: Босански тенисер предаде меч по само еден поен!

Вакво нешто не се памети: Босански тенисер предаде меч по само еден поен!

Босанскиот тенисер Дамир Џумхур кој некогаш беше 23-ти тенисер во светот го привлече вниманието со необичен потег на меч во Шведска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џумхур започна меч против Филип Мишолиќ од Австрија, но истиот го предаде верувале или не по само 36 секунди. Пред мечот ништо не најавуваше дека може да дојде до ваква ситуација, па затоа за сите кои го следеа турнирот беше изненадување.

Босанецот сервирал, а Мишолиќ му го вратил сервисот одземајќи му го поенот. Веднаш потоа Џумхур се упатил во соблекувалната и го предал мечот. Засега не е познато поради што тенисерот се одлучил на ваков потег кој тешко дека е забележан претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа со победа го започна турнирот во Лајпциг

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на турнирот во Лајпциг, о…