Aтлетико Мадрид во текот на оваа недела ќе промовира три засилувања.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во прашање се – Цезар Азпиликуета, Чанглар Сојунџу и Хави Галан, а интересно е што првите двајца ќе пристигнат како слободни агенти.
Азпиликуета ќе добие спогодбен раскин на договорот со Челзи и тој трансфер веќе од пред неколку дена е договорен. Исто така по истекот на договорот од Лестер пристигнува Сојунџу кој ќе конкурира за стоперската позиција каде што се уште Хименез, Ермосо и Стефан Савиќ.
Од Селта ќе пристигне и Хави Галан за кого ќе платат оштета, но таа нема да биде поголема од пет милиони евра.
Како што изгледа Симеоне може да формира нов бедем пред голот на Облак.