Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, се чини го откри составот кој ќе настапува во рамки на Лига Европа.
Арсенал во првото коло славеше против Келн со 3:1, со тоа што Сеад Колашинац влезе на полувреме и го промени целиот тек на дуелот. Според некои најави, тој нема да игра на преостанатите дуели од групната фаза во ЛЕ и ќе биде исклучиво во составот за премиерлигашките натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најави Венгер дека во Купот против Донкастер ќе изнесе состав сличен на оној против Келн, но исто така истакна дека дуелите во ЛЕ ќе ги играат играчи кои помалку настапуваат во ПЛ и кои не се стандардни.
Така, Давид Оспина ќе брани наместо Петар Чех, а веројатно нема да настапуваат Колашинац, Санчез, Ремзи, Белерин, Џака и Лаказет.
Отприлика составот за дуелите од ЛЕ ќе изгледа вака: Оспина, Холдинг, Метрезакер, Монреал, Белерин, Ивоби, Елнени, Волкот, Маитланд-Најлс, Санчез и Жиру.
Сезоната е долга, распоредот на Арсенал ќе биде се потежок, па Венгер одлучи своите најдобри играчи да ги штеди исклучиво за најважните натпревари.