Лионел Меси реши јавно да им се извини на фановите на ПСЖ после турбуленциите и казната која ја доби од клубот.
Аргентинецот без дозвола од ПСЖ отпатува во Саудиска Арабија, па доби двонеделна суспензија од францускиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси нема да игра на мечевите со Троа и Ајачио, откако беше казнет од клубот, а тој тврди дека отпатувал во Саудиска Арабија во улога на туристички амбасадор бидејќи мислел дека имаат слободен ден.
„Сакав да го направам ова видео по сите работи кои се случија. Прво, сакам да се извинам на соиграчите и на клубот. Искрено мислев дека ќе имаме слободен ден као и претходно. Го организирав патувањето во Сауиска Арабија, кое претходно го имав откажано. Уште еднаш се извинувам за тоа што го направив. Тука сум за тоа што сака да го направи клубот“, изјави Меси.
Leo Messi statement 🚨🇦🇷 #Messi
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 5, 2023
“I thought we were going to have a day off after the game as always. I had this trip organized and I couldn't cancel it. I had already canceled it before…”.
“I apologize to my teammates and I'm waiting for what the club wants to do with me”. pic.twitter.com/GBuarEgwSl