Иднината на Ромелу Лукаку е главна тема откако Интер потврди дека нема да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лукаку ќе се врати во Челзи на крајот на позајмицата, а јасно е дека за него нема повеќе место на „Стенфорд Бриџ“.
Интерес за 29-годишниот напаѓач покажува Рома, која во него гледа идеална замена за Абрахам.
Абрахам не е задоволен како се развива оваа сезона за него и сака да се врати во Премиер лигата, па Рома почна да бара замена.
„Волчицата“ ќе се обиде да го доведе на позајмица со право на откуп, а Мурињо наводно е спремен да му вети место во стартниот тим и можност Белгиецот да ја „оживее“ кариерата.