Дома Фудбал Италија Играчите на Рома се фатија за гуша, а Мурињо тврди: Убаво е да се видат емоции

Играчите на Рома се фатија за гуша, а Мурињо тврди: Убаво е да се видат емоции

Рома синоќа запиша победа од 2:0 во првиот осминафинален дуел од Лига Европа против Реал Сосиедад.

Меѓутоа, во еден момент имаше искри на теренот, па Немања Матиќ и Брајан Кристанте влегоа во конфликт.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тие дури тргнаа и физички да се пресметаат, но најприсебен беше Вајналдум кој ги раздели и потоа страстите се смирија.

„Има само еден лидер во Рома, сите играчи се исти, важно е сите на теренот да внесат животно и играчко искуство, тоа ни е потребно. Немаме проблем во Рома, ние сме демократија со еден лидер. Убаво е да се видат емоциите на теренот, фудбалери кои не комуницираат, кои не разменуваат емоции или забелешки, не можат да помогнат“, изјави Мурињо алудирајќи дека тој е единствен лидер на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан ќе избрка двајца фудбалери поради доаѓањето на Модриќ

Како слободен играч, Лука Модриќ ќе го засили Милан. Италијанскиот гигант во меѓувреме раб…