Дома Фудбал Италија Неверојатна ситуација во Серија А: Тренер двапати во еден месец беше отпуштен од истиот тим

Неверојатна ситуација во Серија А: Тренер двапати во еден месец беше отпуштен од истиот тим

По вторпат во еден месец италијанскиот калчолигаш Салернитана го отпушти тренерот Давиде Никола, а сега на негово место го доведе Пауло Соуса.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Салернитана во јануари го отпушти Никола по катастрофалниот пораз од Аталанта со 2:8, а само два подоцна се предомислија и го вратија на клупата.

 Но, во следните четири натпревари кои ги одигра не успеа да ја врати довербата и повторно доби отказ. Тимот во тие четири натпревари трипати беше поразен.

Соуса во продолжение од сезоната ќе има за цел да го спаси тимот од испаѓање. Во овој момент Салернитана е на 16-то место со 21 освоен бод, четири повеќе од Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…