Европската куќа на фудбалот ги откри имињата на судиите за натпреварите од првото коло на Лигата на Европа, правдата на натпреварот помеѓу Вардар и Зенит ќе ја дели Данец.
Јакоб Келет, е човекот кој ќе биде главен судија на првиот натпревар на црвено-црните. Келет има 37 години и до сега не ја делел правдата на ниту една македонска екипа. Данецот во својата интернационална кариера ја делел правдата на 44 натпревари, на кои досудил 14 и покажал осум исклучувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што е познато Вардар со натпреварот против Зенит ја отвара сезоната во Лигата на Европа каде што покрај Зенит ќе се натпреварува во група со Реал Сосиедад и Розеборг. Билетите за натпреварот против рускиот претставник од денеска се пуштени во продажба.