Дома Фудбал Останато Ковчегот пристигна на стадионт на Сантош, илјадници фанови се простуваат од Пеле🎥

Ковчегот пристигна на стадионт на Сантош, илјадници фанови се простуваат од Пеле🎥

Ковчегот со посмртните останки на легендарниот бразилски фудбалер Пеле беше донесен утрово на стадионот на Сантош, каде ќе биде јавно изложен.

На стадионот „Урбано Калдеира“ познат и како „Вила Белмиро“ ќе се одржи бдение, а на теренот ќе биде поставен отворениот ковчег со телото на Пеле, за сите оние кои сакаат да се простат од, според многумина, најдобриот фудбалер на сите времиња.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред стадионот имаше долга редица, бидејќи илјадници навивачи дојдоа да му оддадат почит на Пеле, а на стадионот беше поставен знакот „да живее кралот“

Простувањето на Пеле ќе биде во вторник, а погребната поворка ќе помине низ населбата во која се уште живее стогодишната мајка на Пеле.

По негова желба ќе биде погребан на деветтиот кат на Меморијалните гробишта „Екуменика“, за да може да го „гледа“ својот град.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Меси: Барселона е мојот дом и ќе се вратам еден ден

Лионел Меси во моментов игра за Интер Мајами, но по завршувањето на кариерата ќе се врати …