Барселона на својот стадион утре ќе го пречека Јувентус во рамките на првото коло од групната фаза од ЛШ.
Лошо изработената работа кога станува збор за трансферите, ја поттикна управата на клубот да пронајде човек кој политиката на трансфери ќе ја одведе на поголемо ниво.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Како што пишува каталонскиот „Sport“, од управата на Барселона го контактирале генералниот директор на Јуве, Џузепе Марота и му ја понудиле оваа позиција во каталонскиот тим. Меѓутоа еден од најважните луѓе на „Старата дама“ без размислување ја одбил понудата.
Како што наведе тој, нема намера да го напушти Торино. За утрешниот натпревар помеѓу Јуве и Барса, Марота смета дека заминувањата на Нејмар во ПСЖ и Бонучи во Милан не ги дестабилизираа клубовите.