Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд сериозно размислува за својата иднина и може да го напушти „Олд Трафорд“.
Тој има договор до 2023 година и веќе влезе во последната година од договорот, а се уште не ја продолжил соработката со „црвените ѓаволи“.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Силен интерес за него покажува ПСЖ кој сака на лето да го донесе во Париз, бидејќи Рашфорд може да игра на повеќе позиции во нападот.
„Тој е неверојатен, секој клуб би тргнал по Рашфорд доколку е слободен. Ние не го криеме тоа, сме зборувале и претходно. Дали ова лето? Зошто да не. Доколку е слободен, може да разговараме директно со него, но не сега“, потврди Ал Келаифи.