Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри даде објасување за состојбата на Федерико Киеза и Пол Погба, кои долго време се рехабилитираат од повреди.
Во италијанските медиуми се појавија информации дека двајцата се спремни за игра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Киеза и Погба спремни? Тоа се фантазии. Во сабота ќе одиграме контролна за да видиме каква е состојбата на Федерико. Што се однесува до Пол, тој не тренира од 23 јули. Ќе биде вистинска лудост да ризикуваме и да го пуштиме да игра“, изјави Алегри.
„Тимот сега е во подобра состојба, како физички така психички. Победата во градското дерби на донесе спокој. Сега мора да продолжиме да победуваме, иако против Емполи нема да биде лесно“, додаде Алегри.