Наполи денес и официјално го потврди трансферот на напаѓачот Џовани Симеоне од Верона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Синот на тренерот на Атлетико Мадрид доаѓа на позајмица која може да се претвори во перманентен трансфер, доколку наполи заврши во Топ 4 оваа сезона.
„Наполитанците“ ќе платат 3,5 милиони евра за едногодишната позајмица, а за откуп ќе треба да платат додатни 12 милиони евра.
Симеоне минатата сезона блескаше во дресот на Верона, постигна 14 гола, а сега ќе биде одлична алтернатива за Осимен.