Изгледа наскоро ќе ја видиме првата тренерска промена во новата сезона во Премиер лигата.
Како што сега стојат работите, Вест Хем, би можел му врачи отказ на Славен Билиќ кој во првите три натпревари запиша три порази.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот стратег ги изгуби првите три натпревари во Премиер лигата, а последен пат кога на Вест Хем му се случило такво нешто, „чеканите“ завршија во Чемпионшип.
Токму поради тоа во Вест Хем мораат брзо да одлучат, но и да пронајдат наследник. Се споменува името на Рафа Бенитез, но прашање е дали Њукасл ќе дозволи Бенитез да го напушти клубот.
Не е тајна дека Шпанецот е разочаран и измамен од страна сопствениците на клубот, тој не доби пари за засилување и поради тоа не е во добри односи со сопственикот на клубот. Но, во неговиот договор има клазула според која Њукасл би требало да му исплати огромна сума доколку тој добие отказ.