Француски Марсеј објави дека потпишале договор со највисокиот играч во топ 5 првенства.




Исак Туре има 19 години и се разликува од своите врсници по физичките предиспозиции. Неговите 206 сантиметри изгледаа страшно на фудбалскиот терен. Во Марсеј тој доаѓа од Ле Авр за сума од пет милиони евра.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Француските медиуми пренесуваат дека се работи за играч кој и покрај тоа што толку висок има потенцијал за игра со него и експлозивност.




„Со 206 сантиметри Исак е корпулентен играч кој се чувствува комотно во дуел играта. На свои 19 години веќе е природен лидер и доминира во дуелите“, порачаа во претставувањето од Марсеј.




Претставувањето беше направено со едно интересно видео.




📽 𝗠𝗮𝗿𝘀 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼𝘀
— Olympique de Marseille (@OM_Officiel) June 30, 2022
🎬 𝗘𝗽𝗶𝘀𝗼𝗱𝗲 𝗜𝗜
✍️ « 𝗖𝗵𝗿𝗼𝗺𝗮𝘁𝗶𝗰 𝗛.𝗔.𝗖.(𝗞) »#BienvenueSurMars 𝗜𝘀𝗮𝗮𝗸 𝗧𝗼𝘂𝗿𝗲́ 👽🛸 pic.twitter.com/shMLxk7cS8