Шпанскиот плејмејкер Браим Дијаз ја истакна важноста на Златан Ибрахимовиќ за тимот и додаде дека тој ги прави сите играчи подобри.
40-годишниот ветеран постигна осум гола на 23 натпревари во Серија А, но е клучна фигура во соблекувалната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тој е стар колку мојот татко, но сепак прави разлика на теренот. За мене тој е како татко во соблекувалната. Ми го олесни животот, бидејќи кога ја контролирам топката морам да му ја дадам за да не се налути“, изјави 22-годишниот Шпанец.
„Тој е исклучителен фудбалер со голема харизма кој сака да победува. Работи многу напорно на тренинзите и тоа им го пренесува на другите. Несомнено тоа ги прави сите играчи подобри, бидејќи не тера да го дадеме максимумот“, заклучи Дијаз.
Brahim Diaz on Zlatan: “He is my father’s age, but he still makes a difference. For me he is like a father in the dressing room, he has made my life easier because when I have the ball I am obliged to pass it to him so he doesn’t get angry!" pic.twitter.com/bo5wFgFNXt
— GiveMeSport (@GiveMeSport) June 12, 2022