Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти и техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини се долгогодишни пријатели и деновиве имале телефонски разговор.
Станало збор за португалската ѕвезда на „росонерите“ Рафаел Леао, кој беше избран за МВП на сезоната во Серија А.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Анчелоти го уверил Малдини дека „кралевите“ не се заинтересирани за Рафаел Леао и легендата на седумкратниот европски клупски шампион може да биде спокоен.
Анчелоти е поранешен фудбалер и поранешен тренер на гигантот од Милано, а тој и Малдини се долгогодишни пријатели.
Милан сака да го задржи Леао, иако интересот за него е огромен, и веќе започал преговори за продолжување на соработката.