Дома Фудбал Репрезентации Бејл по пласманот на Мундијалот: Горди ќе бидеме до крајот на животот, го остваривме нашиот сон!

Бејл по пласманот на Мундијалот: Горди ќе бидеме до крајот на животот, го остваривме нашиот сон!

Во досегашната кариера Герет Бејл освои голем број титули на клупски план, но играњето за репрезентацијата за Бејл е посебна страст.

Вчера Бејл го оствари својот најголем репрезентативен успех откако ја победија Украина и се пласираа на Светското првенство. Така Велс обезбеди пласман на еден Мундијал после цели 64 години.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


За Реал Бејл во минатите години имаше важен придонес во освојувањето на некои титули, меѓутоа ретко кога зборувал со емоции како сега.

„Не можам ова да го објаснам со зборови. Од првиот ден кога дебитирав за репрезентацијата работев со голема страст. Не постои подобро од ова, ова е нешто посебно за нас, за сите во нашата земја. Направивме неверојатен успех и ќе го прославиме како што треба. Горди ќе бидеме до крајот на животот на ова што го постигнавме. За мене е последниот дел од сложувалката, си го остваривме сонот“, истакна Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Јунајтед му нуди астрономска плата на потенцијалното засилување од Брентфорд

Манчестер Јунајтед ова лето ќе мора да се сврти кон трансфер пазарот за да го зајакне тимо…