Дома Фудбал Италија Интер и Перишиќ блиску до договор

Интер и Перишиќ блиску до договор

Раководството на Интер денес имаше средба со агентот на Иван Перишиќ и двете страни се блиску до договор, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Перишиќ со Интер завршува следниот месец, а Хрватот ја одби првата понуда од „нероаѕурите“ за продолжување на соработката.

Со оглед на фактот дека Перишиќ е важен дел од тимот на Инзаги, Интер ќе се обиде да го задржи па денес ја подобри понудата и му понуди двегодишен договор тежок 5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Сега двете страни се блиску до договор и голема е веројатноста Перишиќ да ја прифати понудата и следните денови да стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал доби рекордна понуда, Артета сè уште не одлучил

Галатасарај испратиле значајна понуда со вредност над 38 милиони фунти за крилниот играч н…