Јувентус вчера доживеа пораз во финалето од Купот на Италија против Интер, а со тоа згасна и последната надеж на „старата дама“ дека можат да стигнат до некаков пехар оваа сезона.
Интер го победи Јувентус после продолженија со 2:4 откако во регуларниот дел беше 2:2. Претходно настапот во Лигата на шампионите Јувентус го заврши уште во осминафиналето каде што доживеа елиминација од Виљареал, а во италијанскииот Суперкупо беше поразен исто така од Интер.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Во Серија А во текот на целата сезона тимот од Торино не успеа сериозно да се вмеша во битката за титулата, на крајот со оглед на стартот на сезоната навивачите се задоволни и со местото во топ 4. За Јувентус така ова ќе биде прва сезона без трофеј после 11 сезони. Последен пат „старата дама“ сезона без трофеј заврши во 2010/2011.