Дома Фудбал Тежок удар за Барселона: Заврши сезоната за Педри!?

Тежок удар за Барселона: Заврши сезоната за Педри!?

Фудбалерите на Барселона в чера се простија од Лигата на Европа.

Каталонците на свој терен доживеаа шокантен пораз од Ајнтрахт Франкфурт со 3:2 и така го завршија натпреварувањето во четвртфиналето, иако сите веќе ги гледаа како полуфиналисти.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Меѓутоа Франкфурт вчера одигра неверојатен натпревар и на крај славеше со 3:2, иако германскиот клуб до продолжението водеше и со 3:0. Гостите имаа одлична поддршка од своите навивачи кои во голем број допатуваа во Барселона и некако успеаа да дојдат до влезници.

За Барселона ова беше еден од најлошите натпревари од кога е Чави во клубот, а после елиминацијата Каталонците добија и дополнително лоши вести. Имено, на полувремето Чави мораше да го замени Педри кој ја повреди задната ложа. Педри во последно време е еден од најдобрите во Барса и неговата повреда сигурно е тежок удар.

Првите прогнози за Педри не се воопшто добри. Каталонскиот „Спорт“ објави дека повредата е сериозна и дека играчот на Барселона ќе мора подолго да паузира. Дел од шпанските медиуми пренесуваа и дека сезоната за Педри е завршена. Но, од Барселона ги чекаат официјалните информации после деталните прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…