Дома Трансфер зона Наполи го договори наследникот на Инсиње

Наполи го договори наследникот на Инсиње

Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи го договорил трансферот на Хвича Кварацхелија, или грузискиот „Меси“.

22-годишниот крилен фудбалер ќе пристигне на лето и треба да биде наследник на Лоренцо Инсиње, кој го напушта клубот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Грузиецот го сврте вниманието кон себе со добрите настапи во дресот на Рубин Казан и беше избран за најдобар млад фудбалер во руската лига минатата сезона.

За него силен интерес покажуваа неколку европски гиганти, но Наполи успеа да ја победи конкуренцијата.

Кварацхелија пред две недели ја напушти Русија поради војната и се врати да игра во родната Грузија, а на лето ќе се пресели во Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…