Дома Фудбал Италија Михајловиќ од болница ги мотивира играчите пред дуелот со Милан🎥

Михајловиќ од болница ги мотивира играчите пред дуелот со Милан🎥

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, одржа мотивациски говор за своите играчи од болничката соба. 

Михајловиќ моментно се наоѓа во болница во Болоња на лекување против леукемија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тој преку видео линк им се обрати на фудбалерите во тренинг центарот на Болоња пред дуелот против Милан утре на „Сан Сиро“.

„Физички нема да бидам присутен, но секогаш сум тука со вас. Сите натпревари ќе ги гледам од мојата соба и сум во постојана комуникација со тренерскиот тим. За жал, ова го поминавме пред неколку години, но сигурен сум дека ќе се борам, исто како и вие за мене. Ние веќе еднаш ја победивме оваа болест, можеме повторно. Животот не тече без проблеми, туку со нив. Има два начина да се оди. Едниот е катастрофален, при што може да се жалите и да ја изгубите вербата. Другиот е конструктивен, да се бара позитивната страна на нештата, да се вложи труд“, рече Михајловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фонсека незадоволен од тимот: Ако треба и младинците ќе играат

Милан со многу среќа ја совлада Црвена Звезда и дојде до добра позиција кога е во прашање …