Дома Трансфер зона Кутињо останува во Премиер лигата, Њукасл му нуди богатство

Кутињо останува во Премиер лигата, Њукасл му нуди богатство

Филипе Кутињо во јануари направи изненадувачки трансфер од Барселона во Астон Вила.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бразилецот не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“ и се врати во Премиер лигата, каде ќе го носи дресот на Астон Вила на позајмица со крајот на сезоната.

Кутињо одлично ја започна авантурата во Астон Вила и покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво.

Астон Вила има опција да го откупи Кутињо за 40 милиони фунти, но проблем е огромната плата која ја добива Бразилецот, која клубот од Бирминген не може да му ја дава.

Поради тоа Њукасл внимателно ја следи ситуацијата и сака да го донесе на лето, а нема да имаат проблем да платат 40 милиони за неговиот потпис.

Њукасл е спремен да му понуди плата од 480.000 фунти неделно и бонус при потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…