Џанлуиџи Донарума минатото лето го напушти Милан и се пресели во ПСЖ, но работите во Париз не се одвиваат како што очекуваше.
Донарума главно е на клупата за резерви, а во последно време ја загуби сигурноста и реди само киксови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Беше посочен како главен виновник за елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампиони, а направи и неколку грешки за настапите за Италија.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Донарума не е среќен во Париз и сака да се врати во Серија А, а како најверојатна дестинација се споменува Јувентус.
Сепак, проблем може да биде високата плата на голманот, кој во Париз заработува 10 милиони евра по сезона.