Миралем Пјаниќ кој игра на позајмица во Бешикташ од Барселона во интервју за „Газета дело Спорт“ откри дека ќе се врати во Серија А на лето.
Босанскиот плејмејкер после неколку сезони во Јувентус се пресели во Барселона, каде не се снајде, па брзо беше испратена на позајмица во Бешикташ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пјаниќ „кокетира“ со Јувентус и повторно сака да се врати во Торино, но има и други алтернативи.
Имено, Интер, Рома и Наполи покажуваат интерес за Пјаниќ и сакаат да го донесат во своите редови на лето.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Пјаниќ од следната сезона сигурно ќе игра во некој од овие италијански клубови.