Мохамед Салах на лето влегува во последната година од договорот со Ливерпул, а преговорите за продолжување на одат во добра насока.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Американските сопственици не сакаат да му дадат 400.000 фунти неделно како што бара Египќанецот, па многу е веројатно дека на лето ќе биде продаден.
Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која на лето сака да направи еден голем трансфер.
Прва мета е Ерлинг Халанд, но конкуренцијата за Норвежанецот е огромна, па како алтернатива се споменува Салах.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона наскоро ќе стапи во контакт со агентот на Египќанецот, но прашање е како Каталонците ќе успеат да ги задоволат неговите финансиски барања.
Салах е отворен за промена на средината и би прифатил трансфер во Барселона.