Мохамед Салах на лето влегува во последната година од договорот со Ливерпул, а преговорите за продолжување на одат во добра насока.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Американските сопственици не сакаат да му платат околу 30 милиони како што бара Египќанецот, па многу е веројатно дека на лето ќе биде продаден.
Таквата ситуација сака да ја искористи ПСЖ, кој во Египќанецот гледа идеална замена за Мбапе.
„Светците“ на лето ќе останат без Мбапе, но и Ди Марија, па „Паризиен“ тврди дека главна трансфер цел ќе биде Салах и нема да штедат пари за да го донесат во Париз.
ПСЖ веќе му понудил 4-годишен договор и плата од 30 милиони евра по сезона, понуда која Ливерпул не може да ја израмни.