Дома Трансфер зона Донесена одлука во Париз: ПСЖ има тандем бекови вреден 117 милиони евра!

Донесена одлука во Париз: ПСЖ има тандем бекови вреден 117 милиони евра!

ПСЖ вчера го победи Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а денес медиумите пренесуваат дека во Париз донеле одлука да го откупат Нуно Мендеш од Спортинг Лисабон.

Мендеш во ПСЖ пристигна пред почетокот на сезоната и се покажа како одлично засилување. Во договорот на 19-годишниот лев бек стои клазула според која ПСЖ може да го октупи од Спортинг за дополнителни 40 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


И вчера против Реал Мадрид Мендеш беше еден од најдобрите на теренот. Со него и Ашраф Хакими на другата страна ПСЖ го има еден од најдобрите тандем бекови во европскиот фудбал.

Овој тандем бекови парижаните би ги чинел вкупно 117 милиони евра со оглед на тоа дека за Хакими летово платија 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…