Дома Македонски спорт Женската А репрезентација ќе одржи зимски камп во Дојран

Женската А репрезентација ќе одржи зимски камп во Дојран

Селекторот на женската селекција на Македонија, Кирил Изов во периодот од 12 до 19 феверуари ќе одржи зимски камп во Спортскиот Центар Истатов во Дојран, со цел подобрување на формата на репрезентативките во пресрет на продолжението од  европските квалификациите за пласман на СП 2023 година.

Селекторот Кирил Изов ги повика следните фудбалерки:


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голмани:  Викторија Панчурова (Тиверија), Магдалена Лекоска (Љуботен), Кристина Павловска (Деспина);

Одбрана: Ане Бошеска (Тиверија), Ивана Николова (Тиверија), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Катерина Милеска (Деспина), Катерина Петкова (СЦ Истатов 2015), Даниела Велеска (Риека, Хрватска);

Среден ред: Сара Велкова (Тиверија), Елма Шемсовиќ (Борец), Симона Ребека Маијер (Кул Здравје), Елена Петровска (Скопје 2014), Сара Хусеин (Љуботен), Александра Марковска (Љуботен);

Напад: Теодора Јанковска (Деспина), Кристина Петрушевска (СЦ Истатов 2015), Радица Чонева (СЦ Истатов 2015), Веса Села (Ас Јунајтед), Јована Павловска (Атлетико), Ангела Стојковска (Скопје 2014), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Ели Јаковска (Митровица, Косово)

„По зимската пауза во Првата женска лига, а со цел подобрување на физичката подготовка пред продолжението на европските квалификации за пласман на СП 2023 се одлучивме да направиме еднонеделeн камп во Дојран. Повикани се и неколку млади фудбалерки, кои во иднина се очекува да бидат носители во оваа селекција. За самата сериозност на овој камп кажува и фактот што ќе учестуваат и нашите интернационалки, капитенот Наташа Андонова, Ели Јаковска и Даниела Велеска, додека од друга страна ослободена е само Гентијана Рочи. Очекувам максимален ангажман од сите што ќе бидат дел од овие подготовки, како и враќање на позитивната атмосфера во репрезентацијата која беше нарушена по двата натпревари и порази од Северна Ирска на крајот на ноември“, изјави селекторот Кирил Изов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …