Дома Македонски спорт Македонски фудбалер направи трансфер во Исланд

Македонски фудбалер направи трансфер во Исланд

Во последниот ден од преодниот рок македонскиот фудбалер Владимир Димитровски направи трансфер во Исланд.

Овој трансфер привлекува внимание затоа што е реткост македонски фудбалери да прават трансфери во оваа земја. 33-годишниот Димитровски ќе настапува за тимот на Гриндавик.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Димитровски беше слободен агент и веќе одигра два натпревари за овој клуб во подготвителниот период.

Претходниот ангажман го имаше во Грузија каде што го носеше дресот на Телави, а во кариерата играше уште за Докса, Керкира, Кроација Сесвете, Теплице, Карабах…Во Македонија настапуваше за Работнички, Вардар, Металург и Цементарница 55.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…