Јувентус без поголеми проблеми ја победи Сампдорија на домашен терен и се пласираше во четвртфиналето на италијанскиот Куп.
„Старата дама“ одлично го отвори натпреварот и од почекот создаде неколку добри шанси, а Квадрадо во 25-та минута го отвори резултатот.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
На самиот старт на вториот дел Ругани зголеми на 2:0, а Конти со прекрасен гол во 63-та минута за момент ја врати неизвесноста.
До крајот Јувентус со головите на Дибала и Мората убедливо со 4:1 славеше и се пласира во четвртфинале.