Дома Македонски спорт Тихомир Костадинов кариерата ја продолжува во Полска

Тихомир Костадинов кариерата ја продолжува во Полска

Репрезентативецот на Македонија, Тихомир Костадинов кариерата ја продолжува во Полска.

Костадинов ја завршува епизодата во Ружемборк каде што се задржа четири сезони и ќе игра во тимот на Пјаст Гливице. Во редовите на Ружемборк Костадинов прикажува добри настапи со кои стигна и до „А“ селекцијата на Македонија, па денес е стандарден репрезентативец.

Пјаст Гливице ќе биде неговиот шести клуб во кариерата во која настапуваше уште за Моравац, Злате Моравче, Бањска Бистрица и Тетекс. За репрезентацијата на Македонија зад себе има 16 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дембеле и Кварацхелија први на удар: Луис Енрике воведе сурово правило во ПСЖ

Откако минатата сезона освои сè што можеше да се освои, Луис Енрике не дозволува опуштање …