Лионел Меси вчера по седми ја освои „Златната топка“, иако многумина сметаа дека тоа е незаслужено затоа што Роберт Левандовски имаше одлична година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси доби најмногу гласови во изборот, освои 613, а Левандовски 580.
„Сакам прво да му честитам на Меси за освоената награда. Сакам да се заблагодарам на сите кои гласаа за мене. Ја освоив наградата за најдобар напаѓач на годината, но ниту еден фудбалер не може да освои признание без помош на навивачит од тимот. Благодарност до Баерн кој ми даде можност да ги остварам соништата. И најважно, благодарност до моето семејство“, порача Левандовски.