Дома Фудбал Италија Недвед го обвини Роналдо за слабиот старт на сезоната

Недвед го обвини Роналдо за слабиот старт на сезоната

Јувентус синоќа победи на тешкото гостување кај Лацио и полека почна да се искачува на табелата после лошиот старт.

Потпретседателот на „старата дама“ Павел Недвед директно го обвини Кристиано Роналдо за слабите резултати на стартот на сезоната.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Оценката ќе ја направиме на крајот на сезоната, сега се уште е рано. Мислам дека тимот беше потресен од трансферот на Роналдо во последен момент. Тоа е разбирливо поради фактот што тимот беше навикант да игра на одреден начин три години, а Роналдо постигнуваше по 30 голови во сезона“.

„Алегри требаше да направи комплетно поинаков начин на игра, а тајмингот на трансферот на Роналдо не ни одговараше и поради тоа изгубивме многу бодови на стартот. Тренерот се обидува да го најде вистинскиот баланс“, изјави Недвед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нови проблеми за Барселона: Се повреди и Феран Торес, познато колку ќе паузира

Eкипата на Барселона се соочува со сериозни проблеми кога во прашање се повредите. Нов лис…