Дома Фудбал Симеоне призна: Се обидов да го донесам Меси, но…

Симеоне призна: Се обидов да го донесам Меси, но…

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне призна дека ова лето се обидел да го донесе Лионел Меси, користејќи го неговиот добар пријател Луис Суарез.

Меси остана без договор со Барселона и откако не можеше да потпише нов договор со Каталонците се пресели во ПСЖ.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Кога стана јасно дека Меси си заминува од Барса, јас му се јавив на Луис Суарез. С целиот респект не си дозволив да му се јавам на Лео. Поради тоа се поврзав со Суарез, за да го прашам дали сака да дојде кај нас, дали имаме некаква минимална можност за трансфер“.

„Меѓутоа, времето во кое мечтаев дека Меси може да дојде во Атлетико траеше само три часа, бидејќи Лео беше во напредни преговори со ПСЖ и трансферот стана факт многу наскоро“, откри Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уништенa e кариерата на големата ѕвезда, не може повеќе да направи ни чекор: Се молам за чудо

Некогашната фудбалска ѕвезда Жерард Деулофеу е веќе речиси три години надвор од теренот. З…