Дома Македонски спорт Мак фудбал Влахо: Македонија Ѓ.П ќе биде нов голем испит

Влахо: Македонија Ѓ.П ќе биде нов голем испит

Работнички оствари убедлива победа (0-3) на гости против Слога Виница и се пласира во осминафиналето на Купот, надоврзувајќи се на триумфот (2-0) против Брегалница во шестото коло од Првата фудбалска лига.

Сигурна игра во одбраната и креативен напад, секако, тоа носи задоволство и кај шефот на стручниот штаб Александар Влахо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Фудбалерите одиграа максимално професионално на куп-дуелот против Слога Виница, стигнавме до заслужен триумф и продолживме во победнички ритам по неделниот меч со Брегалница. Задоволен сум од односот на фудбалерите кон играта и исполнувањето на тактичките замисли, покажавме зрелост и знаевме да се носиме со предизвикот. Сега би сакале да продолжиме во исто темпо и во Ѓорче Петров. Не очекува тешко гостување кај Македонија ЃП. Меѓусебните мечеви со овој противник секогаш се тешки и неизвесни до самиот крај, а победува оној што ќе ги сведе своите грешки на минимум. Се надевам дека фудбалерите и овој натпревар ќе го одиграат според реномето на Работнички“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…